Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во одговор на коментарите на Ричард Гренел, пратеник на претседателот Доналд Трамп за специјални мисии.
-Да, затворете ги. Европа сега е слободна (без да ја сметаме гушечката бирократија). Ало? Никој повеќе не ги слуша. Тоа се само лудаци од радикалната левица што си зборуваат меѓусебе и за тоа годишно трошат една милијарда долари пари на американските даночни обврзници, напиша Маск.
-Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми финансирани од американските даночни обврзници. Тоа се државни медиуми. Овие организации се полни со активисти од крајната левица. Работев со овие новинари со децении. Тие се реликт од минатото. Нема потреба од медиуми финансирани од владата, изјави претходно Гренел.
Маск и Гренел веќе изразија критики за тоа што американската влада субвенционирала медиумски организации, тврдејќи дека парите на даночните обврзници не треба да се користат за нивна поддршка.
Администрацијата на Трамп презема чекори за запирање на медиумските субвенции и претплати.
Како раководител на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), Маск се спротивстави на тоа дека некои медиумски организации како Политико, Асошиејтед прес и Њујорк тајмс примале федерални субвенции и укажа дека тоо било неефикасно трошење на државниот буџет. Подржан од претседателот, ДОГЕ презеде акции против овие практики. И Гренел го осуди тоа што владата плаќала медиумски претплати за овие и други весници и портали
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана