Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир

Илон Маск, висок советник на претседателот Доналд Трамп, ја поддржа објавата во која украинскиот претседател Володимир Зеленски се обвинува дека му се поважни „моќта и парите“ отколку постигнувањето мир, додека САД се обидуваат да договорат прекин на војната со Русија.
„Зеленски не сака мир, тој сака пари и моќ“, напиша корисник на платформата Икс, на што Маск одговори со емотикон „100“, кој често се користи како знак на целосна согласност.
Маск и претходно ги исмејуваше повиците на Зеленски за западна воена помош и ја доведуваше во прашање неговата изјава дека Украина е суверена држава која не може да биде присилена на преговори со Русија.
Во првите месеци од руската инвазија, Маск донираше илјадници Старлинк сателитски терминали за да помогне во одржувањето на комуникациските мрежи во Украина, поради што во почетокот беше сметан за значаен сојузник на Киев.
Но, неговиот став се промени кога почна да споделува содржини што Украина ги нарече „проруска пропаганда“.
Маск оттогаш стана гласен критичар на американската воена помош за Украина, нарекувајќи ја „неконтролирана и без јасна цел“, како и остар критичар на Зеленски.
Во ноември, Маск неочекувано се вклучи во телефонски разговор меѓу Зеленски и Доналд Трамп.
Според украински официјални лица, разговорот бил „нормален“, а Зеленски му се заблагодарил на Маск за донираните Старлинк терминали.
Вчера претставници на САД и Русија се сретнаа во Саудиска Арабија на разговори за можен мировен договор.
Зеленски изјави дека Киев не бил информиран за овие средби, а ниту европските лидери не беа вклучени.
Во исто време, Трамп изјави дека „Украина е управувана од луѓе кои дозволија да започне војната“, што многумина го сфатија како порака упатена директно кон Зеленски.
Маск, исто така го поддржа барањето на руската страна за одржување претседателски избори во Украина, тврдејќи дека Зеленски не е легитимен претставник.
Тој не спомна ништо за избори во Русија, каде рускиот лидер Владимир Путин е на власт повеќе од 25 години, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
