-->
-->
Масакрот на Шри Ланка е одмазда за Крајстчрч, оценуваат локалните власти
-->
Првичната истрага за смртоносните напади на Шри Ланка, во кои загинаа над 310 лица, покажува дека станува збор за одмазда за Крајстчрч, изјави заменикот-министер за одбрана Руван Виџевардене.
– Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч, изјави пред парламентот Виџевардене.
На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници.
Во неделата, на католички Велигден, на Шри Ланка избувнаа серија експлозии. Првите шест експлозии беа во три цркви и три хотели , седмиот во западниот дел на островот, а осмиот во станбен комплекс во Коломбо. Според локалните медиуми нападите ги изведоа бомбаши-самоубијци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања