Масакр: Потепал 14 членови од своето семејство и се самоубил
Еден 35 годишен Индус убил 14 членови од своето најблиско семејство, вклучувајќи и седум деца и неговите родители, а потоа се самоубил, соопшти денеска индиската полиција.
Тешкото злосторство се случило во местото Тане, одалечено околу 32 километри од Мумбај.
Во полициското соопштение се вели дек Хаснин Варекај, ставил силен садатив во храната на своите најблиски, а откако сите заспале, ги убил пресекувајќи им го со кујнски нож грлото.
Полицијата и властите во Тане биле алармирани од соседите, кои рано изутрината слушнале пискотници од сестрата на убиецот, која единствена останала жива во овој масакар на нејзиниот брат.
Засега не се познати мотивите за ова тешко злосторство, но претставник на полицијата им изјавил на индиските медиуми дека Варекај страдал од „тешка траума“ и бил на лекување во локалната болница.
Во саботата вечер целото семејство се собрале на вечера, на која бил поканет и Варекај.
Пред да почне со извршување на масовното злосторство, тој добро ги затворил сите врати на семејната куќа.
Хаснин Варекај работел во Мумбај како сметководител.
Ново на Сител
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад