Мас: Важно е дека Иран разјасни, треба да продолжи истрагата
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, откако Иран соопшти дека ненамерно го соборил украинскиот патнички авион, го повика Техеран да преземе соодветни мерки за натамошна истрага на оваа „ужасна катастрофа“.
– Важно е дека Иран разјасни. Сега треба да се преземат соодветни мерки за натамошна истрага на оваа ужасна катастрофа со цел никогаш повеќе тоа да не се повтори, истакна Мас.
Иран денеска соопшти дека војската на таа земја „ненамерно го соборила“ украинскиот патнички авион, нагласувајќи дека станува збор за човечка грешка.
Во меѓувреме, командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде изјави дека неговата единица презема „целосна одговорност“ за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион.
Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде нагласи дека кога дознал за соборувањето на авионот, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот, „посакал да биде мртов“.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен