Мас: ЕУ размислува за воведување санкции кон Турција поради нејзините активности во Источен Медитеран
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изјави дека лидерите на Европската унија размислуваат за воведување санкции кон Турција поради нејзините активности во Источен Медитеран.
Мас претходно разговараше со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и двете страни се согласија за справување со проблематичното однесување на Турција во Источен Медитеран и пошироко, што вклучува взаемна соработка во „борбата против тероризмот и радикализацијата“ кои ја загрозуваат безбедноста на ЕУ.
Спорот на Турција со ЕУ, особено со Франција, има врска со различни прашања, вклучувајќи ги и забелешките на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со исламот и постапките на Анкара на истокот на Средоземното Море.
Во официјалното соопштение пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Мас наведе: „Секој пат има нови провокации, за жал, така што тоа зависи од Турција. Освен ако има некои позитивни сигнали од Турција до декември, ако провокации како што е посетата на Ердоган на Северот на Кипар продолжи, ќе има тешка дискусија на самитот на лидерите на ЕУ во декември“.
Ново на Сител
-

Американскиот Сенат го одобри законот за финансирање, отворајќи го патот за завршување на блокадата на Владата
-

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров
-

Локални врнежи претпладне, до крајот на денот стабилизирање на времето
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
