Македонија
6. April 2017 - 10:22

Марта Маркоска на Меѓународен поетски фестивал во Италија

Поетесата Марта Маркоска гостува на Меѓународниот поетски фестивал „Европа во стихови“, што се одржува во Комо, Италија од денеска до 9 април.

Маркоска ќе ја претстави нејзината најнова поетска книга „Црни дупки во нас“, во издание на „Галикул“, за која ги доби наградите „Тодор Чаловски“ (2015) и „Бели Мугри“ (2014). Поетесата зад себе има уште седум авторски книги и други награди. 

Оваа година „Галикул“ го објави и второто, двојазично, македонско-англиско издание на книгата „Црни дупки во нас“ (Black Holes Within Us), a песни од книгата досега беа преведени и на турски, кинески, виетнамски, романски, италијански, хрватски и бугарски јазик. 

На меѓународниот фестивал во Комо ќе гостуваат поети од повеќе земји од светот - Норвешка, Ирска, Колумбија, Романија, Куба, Мексико, Турција и Швајцарија. Поетесата Марта Маркоска е единствена претставничка од Македонија.