"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
Албанската коалиција „За семејство и живот” денеска во Тирана, организираше “Марш за живот” во знак на несогласување со предлог-законот “Сексуален живот и репродукција” кој предвидува сурогат мајчинство, абортус за 16-годишни девојчиња без знаење на родителите, стерилизација на млади 18-годишни девојки и 23-годишни момчиња, како мерка за планирање на семејството.
Учествуваа родители со нивните деца, баби и дедовци, млади луѓе, претставници на албанската коалиција за семејство и живот, кои беа и организатори. Тие мирно маршираа од плоштадот „Скендербег“ до плоштадот „Мајка Тереза“ во одбрана на семејството и прославата на животот на Меѓународниот ден на детето, објави Топ чанел.
Со транспаренти за живот и за традиционално семејство, држејќи во раце балони и цвеќиња, тие порачаа дека семејството е светост.
Тоа е закон против Бог, античовечки, против плодноста. Има сурогат мајки кои живеат во станови во Албанија, а тоа што се прави на црно, бараат да се легализира. Овој закон е за чист бизнис и ја претвора Албанија во земја на трговија со луѓе, обвинуваат учесниците.
Луѓето што протестираа денеска потпишааа петицијата „Манифест на животот“, која ќе биде доставена до албанскиот Парламент за отфрлање и не ставање на дневен ред на предлог- законот.
Министерството за здравство го подготви предлог-законот „За сексуално и репродуктивно здравје“ образложувајќи дека има за цел да ги гарантира сексуалните и репродуктивните права на поединците.
Против ваков закон веќе се изјаснија првите луѓе на верските заедници во земјата.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени