Марсело се расплака за време на прошталната прес-конференција
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело не ги задржа емоциите за време на прошталната прес-конференција. Триесет и четиригодишниот Бразилец го напушта мадридскиот клуб ова лето.
Марсело не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за соиграчите и вработените во Реал Мадрид кои му помогнале. Фудбалерот ги нарече семејство.
Бразилецот одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции. Тој е во Реал Мадрид од 2007 година. Како дел од клубот, шест пати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот Суперкуп и Лигата на шампионите, три пати го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Купот на Шпанија, а четири пати го освои и Светското клупско првенство.
Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички