-->
-->
Маркоски: Со срце го чекаме 11. октомври
-->

Младата фудбалска репрезентација од вчера стартуваше со подготовките за дуелот со Шкотска на 11. октомври кој може да не однесе за првпат на ЕП.
Победата е повеќе од императив а вистински џокер во тимот на Милевски во овие квалификации е фудбалерот на ФК Работнички Кире Маркоски кој постигна вкупно 4 погодоци во овие квалификации од кои сигурно најголема тежина има оној во Единбург каде во драматичен меч ја совладавме Шкотска со 1-0:
- Со срце го чекаме 11. октомври и мечот со Шкотланѓаните. Свесни сме дека ќе биде тоа тежок меч но верувам во нашите квалитети и можности. Сепак ова е натпревар на кој треба да се надминеме и да дадеме уште 20 % од она што го прикажавме во Единбург. Се надевам дека екстра ќе не мотивира некој кикс на Исланд а посебно посакувам полни трибини и максимална поддршка од навивачите бидејќи тоа го заслуживме како никогаш досега“- изјави за ТВ Сител Маркоски.
Македонија е на врвот на табелата во 3. група со бод повеќе од Франција и 3 од Исланд кој има натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
