-->
-->
Маринковиќ: Р.Ирска ривал за првото место
-->

По одредувањето на групите од Третата Европска зона на Дејвис купот македонската репрезентација како најголем конкурент за првото место ќе го има во тимот на Република Ирска. Оваа репрезентација ја има улогата носител во групата Б, бидејќи се врати во оваа зона откако лани ги загуби двата меча во Втората Евро-африканска зона (Белорусија и Јужна Африка).
По добивањето на ривалите селекторот Дејан Маринковиќ изјави:
- Тенисерите од Република Ирска се квалитетни особено што играат на трвда подлога (хард). Во однос на другите две селекции ние ја имаме улогата на фаворити против Еременија и Албанија.
Утре во рамките на првото коло Македонија ќе игра против Ерменија, а почетокот на мечот е во 16 часот по локално време. Евентуалното прво место на Македонија во групата ќе значи и дуел во полуфиналето со победникот на групата каде настапува Кипар (носител), Црна Гора, Андора и Исланд.
За Македонија во Талин ќе играат: Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
