Бизарно но вистинито
24. November 2019 - 21:06

Маринец три години лежел мртов во станот, никој не го нашол: Сметките се плаќале автоматски од сметката

Ветеран на американската морнарица чие тело е пронајдено во неговиот стан во Далас во Тексас починал дури пред 3 години, што го отвори прашањето во каков оттуѓен свет живееме.

Исчезнувањето на Роналд Вејн Вајт е пријавен во полиција повеќе пати, а неговото тело е пронајдено во текот на прегледувањето на становите во станбениот комплекс во Далас чии корисници не користеле вода.

Вајт според договорот работел за американското министерство за одбрана откако ја напуштил морнарицата. Од разводот живеел само, а често поради работа патувал во странство.

Неговата мајка Дорис Стивенс живее во Њујорк, и рекла дека редовно се слушала со синот се до пред три години кога повиците наеднаш престаналае. Од тогаш повеќе пати во полицијата го пријавувала исчезнувањето на својот син, но и било речено дека истрага не може да се отвори бидејќи станува збор за возрасно лице кое често патува во странство.

„Моето главно прашање е како мојот син можел да умре во тој стан, а никој да не знае. Со денови страдав, посебно во викендите и за празниците. Никој не сакаше да ми помогне да го најдам“, изјави неговата мајка.

Неговиот стан бил на третиот кат и добро изолиран, а сите прозорци биле затворени и заклучени. Станарината била редовно плаѓана од пензискиот фонд на морнарицата.

Маринецот е пронајден во лежечка положба на подот од кујната, а во станот се пронајдени лекови за дијабетес од 2016 година. Во гаражата бил и автомобилот на Вајт кој веќе за’рѓал.