Марин Ле Пен, тврдокорна десничарка против имигрантите во Франција и за нова ЕУ

Лидерката на францускиот десничарски Национален фронт, Марин Ле Пен, која вчера влезе во вториот круг од претседателските избори во Франција, има тврдокорен став за имиграцијата, но лично се обиде делумно да ја ублажи радикално десничарската политика на својата партија и нејзините контроверзни ставови за странците.
Таа се залага за автоматско исфрлање на нелегалните имигранти, со намалување на бројот на легални мигранти на 10.000 годишно, затворање на „екстремистичките џамии“ и давање приоритет на Французите во доделувањето на социјални станови.
Во еден момент, Националниот фронт се залагаше и за напуштање на еврото, а неодамна таа кажа дека сака да организира референдум за прашањето на националната валута.
Најново што најави е дека сака да се обиде повторно да го договори членството на Франција во ЕУ, а доколку тоа пропадне, ќе бара одржување референдум.
Се залага за пензионирање на 60 години и гарантирана 35-часовна работна недела, пренесува Би-Би-Си.
На чело на Националниот фронт е од 2011 година, кога местото претседател на партијата го презеде од нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен и во изминатите шест години успеа да го подобри рејтингот на партијата, што беше особено забележливо на регионалните избори во 2015 година.
Пред да застане на чело на партијата Ле Пен работела како адвокат.
Марин Ле Пен е и членка на Европскиот Парламент, а се залага за преговори за новата ЕУ, по што би следел референдум.
Нејзината предизборна кампања ја следеше скандалот со финансирањата на нејзините советници во Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
