Марија Кири на чело на листата „Сто жени што го променија светот“
Француската научничкка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на „Сто жени што го променија светот“, што ја изготви британскиот магазин „Хистори“ врз основа на гласовите на неговите читатели.
Марија Кири родена Склодовска е прва во светот која доби две Нобелови награди - за физика во 1903 и за хемија во 1911 година.
На второто место на листата се најде американската активстка за човекови права Роза Паркс, која се прослави со одбивањето да му отстапи место на белец во автобус со што ја поттикна борбата за правата на црнците во САД, а на третото Емелин Панхерст, која се бореше за правото на глас на жените.
Четврта на листата е британската математичарка и пионерка на компјутерското програмирање Еда Лавлејс, пред нејзината сограѓанка Роселин Френклин, која е заслужна за дешифрирање на милекуларната структура на ДНК.
Меѓу првите 20 на листата на „Сто жени што го променија светот“ се најдоа и поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, писателката Џејн Остин, принцезата Дајана, првата жена што го прелата Атлантскиот Океан, Амелија Ерхарт и мајка Тереза.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите