Македонија
13. October 2024 - 11:11

Марихуана, ловечка пушка и куршуми пронајдени кај жител на Горно Седларце

Уапсен жител на село Горно Седларце бидејќи при претрес на неговиот дом биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја, ловечка пушка и муниција за неа.

- На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(47) од с.Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката, соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.