-->
-->
Маричиќ: За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението
-->
За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението, најави министерот за правда Бојан Маричиќ, откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред.
-Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението. Тоа што е многу важно е дека „Евростат“ и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување на ваква статистичка операција, напиша на Фејсбук министерот Маричиќ.
Тој смета дека по ова треба да престанат сите деструктивни обиди за саботирање на пописот.
-Потребно е да се обединиме и конечно да почнеме заеднички да работиме за доброто на државата. Апелирам сите чинители својата политичка енергија да ја трошат во развојот и просперитетот на земјата. Тоа им го должиме на граѓаните, напиша Маричуќ на ФБ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста