Македонија
9. July 2022 - 9:29

Маричиќ: Во ова време на предизвици да бидеме храбри и решителни

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.

Во ова време на искушенија и предизвици, порачува Маричиќ, треба да бидеме храбри и решителни и заеднички да останеме на патот за сигурна и просперитетна иднина.

-Денеска нашите сограѓани од исламска вероисповед го чествуваат Курбан Бајрам, празникот кој потсетува за важноста на посветеноста за исполнување на целта, одлучноста и силата на убедувањето.
Во ова време на искушенија и предизвици треба да имаме вера, убедување, решителност, храброст и посветеност на вистинските безвременски вредности, но и да бидеме сигурни дека со верба, истрајност и заедништво ќе останеме цврсто на патот на кој ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина за нашите идни генерации, на која сите ќе бидеме горди, напиша Маричиќ на својот фејсбук профил.

Тој упатува искрени честитки по повод празникот со желба за добро здравје, благосостојба, напредок, среќа во семејството.

-Ви посакувам Бајрамските празнични денови да ги прославите во духот на традицијата и обичаите, споделувајќи радост со вашите најблиски, пријатели и соседи, дополнува Маричиќ во честитката.