Маричиќ во дводневна работна посета на Прага
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска престојува во дводневна работна посета на Прага, Република Чешка, која од 1-ви јули претседава со Европската Унија.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, ќе оствари билатерална средба со неговиот хомолог, министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл.
Теми за разговор на состаноците ќе бидат подготовките за почетокот на преговорите на Северна Македонија со Унијата, предизвиците кои нè очекуваат претстојната зима предизвикани од светската енергетска криза и приоритетите на чешкото претседателство со Унијата.
Маричиќ, 8- ми септември, Денот на независноста на Северна Македонија, ќе го одбележи со работни состаноци, во земја која во моментов претседава со Унијата и заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе биде дел од активностите на програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура во Чешка“, организирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага.
Ново на Сител
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог
-
Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
-
Украина со дронови го нападна јужниот руски регион Краснодар
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина