Маричиќ во Брисел, започнува билатералниот скрининг за Поглавје 23
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални вредности“.
Како што соопшти СЕП, во следните два дена, Работната група за преговори, низ 24 презентации, ќе ја претстави позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на Северна Македонија во однос на европското право во областа на судството, антикорупциската политика, основните права, правата и заштитата на малцинствата и правата на граѓаните на ЕУ, пред експертите од Европската комисија.
Дел од македонскиот преговарачки тим е и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, а членови на Работата група за преговори се претставници од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, од министерствата за правда, за внатрешни работи, МНР, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за информатичко општество и администрација, од Судски совет, Совет на јавни обвинители, Јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски сервиси, Агенција за заштита на лични податоци, Агенцијата за катастар на недвижности и Секретаријатот за европски прашања.
Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права. Европските принципи за фундаментални права се утврдени во Повелбата за фундаменталните права која со стапувањето на Лисабонскиот договор во сила е правно-обврзувачка за земјите членки. Во оваа област фокусот на Европската Унија е ставен на борбата против дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, слободата на изразување, заштитата на личните податоци, како и на заштитата на ранливите групи, како што се децата, жените и малцинствата, информираат од Секретаријат за европски прашања.
Поглавјето 23 заедно со Поглавјето 24 – слобода, безбедност и правда, се едни од најкомплексните поглавја, а динамиката на преговорите во оваа област влијае врз напредокот во другите аспекти на преговорите со ЕУ.
Ново на Сител
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта