Маричиќ: САД е наш партнер и пријател на патот кој води до членство во ЕУ
САД остануваат наш партнер и пријател на патот кој води до целосно членство на Северна Македонија во Европската унија, напиша на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со американскиот сенатор Крис Марфи, на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на 58. Минхенска конференција за безбедност, која годинава е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“.
-Низ разговорот Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда. Од особена важност е и регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, која се интензивира, особено во полето на диверзификација во енергетскиот сектор, напиша Маричиќ.
Ново на Сител
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
