Маричиќ: Очекуваме средба Ковачевски-Мицкоски и конструктивен однос од опозицијата
Премиерот Димитар Ковачевски јавно го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМЕ, разговарале телефонски, и очекувам во наредните неколку недели да се случи лидерска средба каде опозицијата ќе биде информирана за текот на разговорите со Бугарија. Важно е да ги чуеме и нивните ставови, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Тој вечерва во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител, посочи дека самиот факт што има декларација усвоено во Собранието прифатена од сите партии е веќе знак оти постои дијалог, но и линија на која што се согласуваат и ги оцртуваат националните интереси.
-Премиерот Ковачевски јавно го повика лидерот на опозицијата, тие разговарале телефонски и јас очекувам во наредниот период, во наредните неколку недели да се случи лидерска средба на која ќе се разговара за повеќе прашања, меѓу кои и односите со Бугарија, и опозицијата ќе биде информирана за текот на разговорите, но исто така е битно да ги чуеме и нивните ставови, рече Маричиќ.
Според Маричиќ, многу е важно опозицијата да тргне искрено во ова прашање, и дека ќе имаат конструктивен однос, бидејќи како што посочи, прашањето со Бугарија е прашање кое се однесува на нашите европски интеграции, се однесува на добрососедските односи и е проблем кој што нема да исчезне за пет или десет години.
-Ако нивниот одговор на прашањето за уставни измени поврзани со пишување на етнички заедници во Уставот е да го скратиме Собранието за една четвртина, тоа не е изнесување на став. Тоа е едноставно деофкусирање на други прашања. Секако таа треба да биде конструктивна, беше десктруктивна во случајот со Преспанскиот договор. Се надевам дека овој пат ке ја искористат шансата да влезат во овој процес поинаку и навистина да се реши процесот на заеднички интерес без да ги делиме граѓаните, без да оставаме отворени рани кои после ќе ни се вратат како бумеранг или без да оставаме простор да мисли кој било дека во иднина ќе може да се промени под нивен притисок, рече Маричиќ.
Тој додаде дека Владата ќе се грижи комплетно за заштита на нашите интереси, за зачувување на македонскиот идентитет и јазик и што поширок консезус во поглед на оваа прашање.
Ново на Сител
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска