Маричиќ: Очекуваме да се потврди вториот мандат на претседателот Пендаровски
Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и секретар за меѓународна соработка на СДСМ очекува во вториот круг од претседателските избори да се потврди вториот мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Маричиќ денеска по потпишувањето за кандидатурата на Пендаровски, кој за неколку часа ги собра потребните 10 000 потписи, изјави дека е задоволен од одѕивот и поддршката од граѓаните. Најави дека СДСМ вечер на Конгрес ќе ја официјализира поддршката за Пендаровски.
-За само неколку часа, за не повеќе од пет часа, беа собрани над потребните 10.000 потписи за претседателот Стево Пендаровски да го добие неговиот втор мандат и вечерва тоа ќе го потврдиме на конвенцијата, конгрсот на СДСМ, на којшто ќе биде дадена и официјално поддршката за претседателот Пендаровски и неговиот втор мандат. Задоволни сме и со одѕивот и со поддршката од граѓаните и очекуваме во тој позитивен дух и со таа силна енергија да продолжи кампањата се до 24 април во првиот круг и 8 мај во вториот круг кога очекуваме да се потврди вториот мандат на претседателот Пендаровски, изјави Маричиќ.
Конгресот на СДСМ ќе се одржи вечер со почеток во 18 часот. По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста и ќе се обрати кандидатот за претседател на државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата