Маричиќ: Нема потреба од референдум
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, индиректно ја отфли идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за референдум околу Преговарачката рамка за ЕУ, оценувајќи дека таквите барања од оваа партија се – научена лекција.
– Ние имаме научени лекции. Опозицијата инсистираше на референдум и за Преспанскиот договор со Грција и владата на премиерот Зоран Заев го прифати тоа. На крајот ВМРО-ДПМНЕ, по неколку години барање референдум, реши да го бојкотира, што остави дамка на целиот процес. Тоа за нас е научена лекција – рече Маричиќ на прес конференција посветена на почнувањето на преговорите со ЕУ.
Според негова оценка, место референдум подобро е да се отвори расправа и низ разговори и дебати да се дојде до дветретинско мнозинство во Собранието.
– Подобро е институциите да си ја преземат својата одговорност место да се користи евентуалниот референдум за манипулации и собирање политички поени – рече Маричиќ.
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
