Маричиќ: Коруптивното однесување е најчесто организирано
Според планот на Владата за реформи во судството важно е да се испитаат сите реалции на еден судија и на еден обвинител и се согласувам дека треба да се види и улогата на администрацијата и на стручните служби, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ при гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
– Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, истакна Маричиќ како реакција на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која во истата емисијата откри случај со недоставување на платни налози.
Рускоска информираше дека пред некој ден од Судскиот совет добила известување оти во фиоката на некој курир кој починал, биле откриени преку 1500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни, со што државниот Буџет е оштетен за 20 милиони денари.
– Тоа зборувам за само еден вработен. Кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичниот законик, Законот за управните судови… Мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, изјави обвинителката Русковска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај