Маричиќ: ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме сите на обврските

ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори, порача вицепремиерот Маричиќ по средбата на македонската делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека имале значаен и отворен разговор со претседателот на Европскиот совет Мишел, низ кој било потврдено дека интеграцијата на Западен Балкан за Европската Унија е важна и дека тоа останува нејзин стратешки приоритет.
- Наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива. Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, напиша Маричиќ.
Вицепремиерот пишува дека веќе е направен напредок во евроинтеграциите и е интензивирана соработката со ЕУ, кои, како што нагласува, во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство и силен промотор на европските вредности и регионалната соработка.
- Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина, наведува вицепремиерот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
