Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ
– Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во Европската Унија, од почеток до крај на пристапните преговори, пишува на својот Фејсбук-профил Бојан Маричиќ, вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права.
Маричиќ посочи дека заштитата, промоцијата и почитувањето на човековите права се основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој, а Северна Македонија, како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мора да продолжи во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.
– Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени, пишува Марчиќ.
Додава дека човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори