Маричиќ: 3.5 милиони евра од ЕУ вложени во возила за отпад на истокот и североистокот на државата
Заменик Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ преку Фејсбук статус информираше дека 3,5 милиони евра од Европската Унија се вложени во возила за отпад на истокот и североистокот на државата.
„ Обезбедени возила за комунална хигиена преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад. Набавката и ставањето во употреба на возила за прибирање отпад во Источниот и Североисточниот плански регион овозможија да се оптимизира работењето на комуналните служби за да се обезбеди навремено испорачување на комуналните услуги во корист на граѓаните и отпадот да се испорача до локациите наменети за одлагање отпад со што ќе се заштити средината од неконтролирано одлагање на отпад во согласност со стандардите на ЕУ. Вредностa на овој проект e 3,597,440.00 евра, од кои 85% се европски средства. Мораме заеднички да ги менуваме навиките и по европски терк, во однос на складирање и селектирање на отпадот, да го решаваме проблемот со дивите депонии. Како Национален ИПА координатор останувам посветен на максимално искористување на ЕУ помошта преку Програмата ИПА за спроведување на реформите од клучните и приоритетни области, како и активностите кои произлегуваат од Зелената агенда“, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа