Марадона бара кој ја објавил веста дека е мртов поради која неговата сестра завршила во болница
Легендарниот Диего Марадона (57) понуди награда од 10.000 долари за оној кој ќе го препознае гласот на личноста која на друштвените мрежи го прогласи за мртов.
Откако Марадона колабираше во текот на натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија во Санк Петерзбург на интернет се појави пост во кој машки глас објавува дека легендарниот фудбалер починал во болницата од срцев идар.
Таа вест брзо се рашири во Аргентина, нводно сестрата на Марадона завршила во болница бидејќи не можела да го контактира својот брат. Преку својот адвокат, Матијас Морле,Марадона нуди награда од 300.000 аргентински песоси (околу 10.000 доларо) за оној кој ќе го препознае тој глас.
Мараодна мораше да побара медицинска помош, а според зборовите на Морле, тоа не е прв пат бидејќи Диего и порано имал проблеми со срцето.
„Диего емотивно доживува се што се случува на теренот, таков беше и како играч и како тренер, таков е и каков навивач“, изјави Морле.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје