Манила го продоложи воениот договор со САД, се откажа од зближувањето со Кина
Иако филипинскиот претседател Родриго Дутерте го критикуваше воениот договор со САД како „неправеден“, филипинската влада одлучи да се откаже од нов сојуз со Кина и да го продолжи долгогодишниот воен договор со Соединетите држави, јави „Њујорк Тајмс.
Филипинскиот министер за надворешни работи Теодоро Локсин синоќа изјави дека преку дипломатски канали го информирал Вашингтон за одлуката на владата во Манила, а во соопштнието на американската Амбасада во Манила се наведува дека Белата куќа го поздравува пресвртот и дека „придонесува кон долгорочната воена соработка меѓу двете земји“.
САД, исто така, се надеваат дека набрзо ќе ја продолжат тесната соработка со Филипините во областа на безбедноста и одбраната.
Аналитичарите овој пресврт го толкуваат како знак дека соседите на Кина се повеќе се загрижени за нејзиното воено зајакнување и дека Филипините, Виетнам и Малезија, три земји со нерешени територијални проблеми со Пекинг, ја делат таа загриженост во Јужното Кинеско Море.
Според „Њујорк Тајмс“, политичките аналитичари сметаат дека промената во политичкиот тек на Манила е стратешка победа за САД, ако се земе предвид дека Филипините се единствениот американски сојузник во Јужното Кинеско Море, што се наоѓа на виталната поморска трговска маршрута.
Со оглед на тоа што Пекинг минатата година соопшти дека ги полага историските права за контрола на виетнамските и малезиските води во Јужното Кинеско Море, Манила можеше да заклучи дека нејзиното доближување до Пекинг нема и користи во заштитата на националните интереси “, изјави Тејлор Фравел, директор на програмата и професор по безбедносни студии на престижниот Бостонски универзитет МИТ.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО