Манифестација „Учителите го менуваат светот“
Во организација на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска ќе се одржи манифестацијата „Учителите го менуваат светот“, на која со свои говори ќе настапат студенти, учители и професори.
На манифестацијата, која ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД, со свои говори ќе настапат Решат Аметовски, студент на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје, Моника Налчевска, студентка на англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет - Битола, Ана Јаневска, студентка на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет - Скопје, Билјана Димковска и Николина Атанасовска, студентки на постдипломски студии на ФОН при УГД - Штип, Александар Тренчевски, професор во Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип, Јованка Кокошкарова, учителка во ОУ „Ванчо Прке“ - Штип и Театарското студио „Гаврилов“.
Ново на Сител
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама