Манифестација „Го градам мојот град 2019“
Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2019“.
Манифестацијата ќе се одржи в среда, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ од 10 до 11 часот. Манифестација е посветена на децата од предучилишните установи и има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност и поопширно да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.
Секоја градинка, како и секоја година, ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по избор, како и градежниот материјал што ќе се користи. Може да се користи коцки, цртежи, природни материјали – лисја, дрвца и друго.
За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна