Манифестација „Денот кога се роди добриот човек“ во Кавадарци
„Денот кога се роди добриот човек“ е меморијалната манифестација посветена на Дејан Костов Лиса, која синоќа се организираше по шести пат во градскиот парк на Кавадарци.
Марјан Тодоровски од Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци за Костов рече дека бил еден од последните урбани ликови од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки уметници од повеќе области, борец за тоа неговиот град да стане подобро место за живеење. На манифестацијата традиционално се слуша рокенрол музика, се чита поезија и се организираат ликовни изложби.
- Во негова чест, ние како негови долгогодишни пријатели и соработници решивме на денот на неговото раѓање да ја организираме оваа манифестација. Вечерва меѓу другото имаме и изложба на фотографии од кавадарчанецот Гордан Ристовски-Гого, кој живее и работи во Швајцарија, рече Тодоровски.
Тој потсети дека здружението е формирано токму поради оваа манифестација.
За забавата на присутните се погрижи рокенрол бендот „Лексикон“. Ова беше втората манифестација која Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ ја организира годинава. На 16 април беше реализирано второто издание на манифестацијата „Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи