Манифестација „Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ
Друштвото на писателите на Македонија, во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од своето формирање денеска ја почна манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“.
На првото издание на манифестацијата настапија околу 30 поети, членови на Македонската писателска асоцијација, а се читаа и стихови на десет истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“, кое за творечки опус ја доделува ДПМ.
Од домот на македонските писатели беше испратена поетска порака дека различните јазици на кои пишуваат авторите се слеваат во универзалниот јазик на поезијата, со кој се надминуваат сите бариери на патот кон разбирањето, толеранцијата, соработката, меѓусебното запознавање и зближување.
Поетската порака ја испрати проф. д-р Кристина Николовска која најави стихување на повеќе јазици на Балканот: македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки и ромски јазик.
- Јазици на кои поетуваме со векови. Јазици преку кои се преплетуваме и сплотуваме. Јазици преку кои песната ни е молитва, молитва за убав разден на Балканот и на светот, рече Николовска.
Поетите, како што рече, можат да го растолкуваат светот, да сотворат, да воскреснат, да залечат, да спречат лошо, да осмислат и да преосмислат.
- Растеме и се запознаваме низ балкански антологии, фестивали, настани, препеви, повеќејазични избори. Расте и поетскиот Балкан-низ нас, рече Николовска.
Свои стихови читаа Трајце Кацаров, Марта Марковска, Иван Антоновски, Владимир Мартиновски, Делвина Керлуку... Се читаа и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грција), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитници на наградата „Книжевно жезло“.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија