Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
При свото сведочење денеска во Кривичниот суд во Скопје, Велибор Манев, еден од осомничените за убиството на Вања и Панче,детално објасни како е сторено делото, и образложи дека таткото на Вања воопшто не бил инволвиран во случајот, и дека тоа првично го кажал за да избегне тортура од страна на полицијата.
Манев одговараше на прашања на својот бранител, Горан Бошевски.
Бошевски: При распит во полиција дали ви беше сугерирано име или лице кое има врска со настанот?
Манев: „Во Велес немав никаков распит, во Скопје за да почнам да зборувам побрав адвокат, и да кажам што како е. Тие не сакаа ништо тоа да слушнат, почнаа физички да ме тепаат, газат за дапочнам да им кажувам и да им зборувам. Еден од инспекторите, ми пријде ми покажа слика од машка особа ме праша дали го познавам. Јас му реков дека ниту го имам видено, ниту го имам контактирано човекот. Тој ми рече дека е таткото на детето. Дали сум го слушнал да разговара Палчо со таткото на детето. Јас му реков дека ниту сум слушнал ниту знам, Палчо со кој разговарал ниту можам да му бидам секретарка да знам со кој прави муабет. Тука почнаа уште појака тортура, кажи па кажи дека сум видел дека Палчо разговарал со таткото. Бев упорен на тоа дека не го познавам човекот. Еден ми стоеше со нога на глава, друг клоцаа, маваа ми рекоа дека имаме листа дека се јавувал, дека Кешишев им кажал дека се јавувал, јас им реков зошто ваква тортура, ми рекоа, ти да ни кажеш. Ќе им кажам дека се слушнале само да прекинат со тортурата која ја вршат врз мене. И така го знам како петта особа која не е воопшто инволвирана во ова“.
Бошевски: Зошто не се откажа од второто грабнување после грабнувањето и убиството на Панче Жежовски?
Манев: Ми беше страв бидејќи бев под закана дека ќе ме убие мене и мојата фамилија ако не му ги завршат до крај работите.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка