Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.
Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Ново на Сител
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
