Манчевски: Владата преку концептот на транспарентност и отчетност ги доближи институциите до граѓаните

Во помалку од две години, Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики, како единствен начин да имаме политики, закони и стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани, нагласи денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Глобалниот самит за отворено владино партнерство што се одржува во Отава, Канада.
Манчевски ја потенцираше важноста од постоењето доверба на граѓаните кон институциите, што се постигнува преку активна транспарентност и отворање на податоците.
– Со таа цел го отворивме и новиот портал за отворени податоци. Бројот на податочни сетови достапни во моментов е 200 од повеќе од 45 институции. Ова е повеќе од тоа што беше предвидено во Акцискиот план. Свесноста кај институциите за важноста од отворањето на податоците се зголемува, а бизнис заедницата, медиумите, граѓанските организации се повеќе ги користат овие податоци, што е и основната цел на нивното објавување. Нашиот пристап е отворање на сите податоци, со исклучок само на тие кои се однесуваат на националната безбедност, истакна Манчевски.
Одговарајќи на прашањето, како владите да ja задржат ангажираноста на граѓаните во однос на неопходните, но често болни реформи, кои може да потраат пред да се покажат видливи резултати, Манчевски рече дека овој концепт многу придонел за земјата да се трансформира од заробена држава во вистински отворен и прогресивен пример не само на Балканот, туку и ширум светот.
– Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа Влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните, наведе Манчевски.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
