Македонија
5. December 2019 - 11:28

Манчевски уверува, нема партиски вработувања иако за пет дена објавени се 60 огласи

Министерот Манчевски уверува дека нема предизборни вработувања во јавната администрација, иако за само пет дена објавени се 60 огласи. И минатиот месец институциите вработуваа, околу 120 огласи беа објавени во ноември.

Манчевски појаснува дека секоја година се раскинуваат договорите на определено, па се потпишуваат нови. Вели дека институциите вработувале и ќе вработуваат согласно нивните потреби.

Даниел Василев