Манчевски: Нема ништо чудно во надоместокот што Шаќири го договорил со Заев
Советниците на премиерот ги бира самиот тој. Нивниот број е значително намален за разлика од порано, а некои од нив се ангажирани без никаков финансиски надоместок, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Одговарајќи на новинарско прашање околу најновиот список за ангажирање на 56 советници во Владата, министерот Манчевски рече дека во овој случај воопшто не се работи за администрација, туку за советници на премиерот.
-Надоместокот којшто се договорил за Џезерир Шаќири е договорен меѓу него и Кабинетот на премиерот така што нема ниту нешто чудно во ова, ниту е тоа нова пракса. Напротив значително е намален бројот на советници и за разлика од порано кога советниците биле многу повеќе плаќани, сега некои од нив, работат без никаков финансиски надоместок, истакна Манчевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
