Манчевски: К-15 нема да важи за рамковно вработените кои седат дома
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.
– Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени колку тоа да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот и со надлежните институции овие луѓе да не земат К-15 . Се разбира, ќе важи само за оние кои ќе прифатат прераспределување, рече Манчевски одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на Колективниот договор за државната администрација.
МИОА и Синдикатот на УПОЗ денеска го потпишаа Гранскиот колективен договор во кој се предвидени повеќе права за работниците меѓу кои исплата на регрес за годишен одмор во нето износ од 9.000 денари. Меѓу правата кои ги добиваат вработените се и флексибилно работно време, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, плата за време на годишен одмор и за време на штрајк.
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики