-->
-->
Манчевски: 40.000 административци ќе се приклучат на "Не биди ѓубре" - ќе се одработи 2 јануари
-->
Над 40 илјади административци на 14 декември ќе се приклучат на иницијативата "Не биди ѓубре" и ќе ги чистат јавните површини, информираше министерот за администрација, Манчевски. На овој начин ќе се одработи 2 јануари 2019 година.
Здравствените работници, наставниците, вработените во градинките како и оние кои не можат да отсуствуваат ќе го чистат кругот на установите.
- Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме на свеста на граѓаните и локациите ќе останат чисти, рече Манчевски.
Локациите каде што ќе се чисти ќе бидат дополнително објавени, а ќе биде обезбеден соодветен алат.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата