Македонија
6. јуни 2025 - 12:13

Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд

Рибарите и екологистите сметаат дека издавањето на Охридското езеро под концесија  и немањето доволна контрола нема да го заштити рибниот фонд.Тие велат дека со доделувањето на концесиите се регулира рекреативниот и спортскиот риболов воведени се високи цени па така и оние на кои риболовот им бил рекреација нема да може да платат.

Најголема грешка според екологистот Наумоски е тоа што заштита на езерото ја вршат самите концесионери па нивното ограничување за количество за дозволен годишен улов нема да се  почитува .

Потребно е формирање ренџерска служба која  ќе врши контрола на уловот на концесионерите, со цел поголема заштита на  фондот на пастрмката и белвицата кој е значително намален.

Се намалува бројот на рекреативни риболовци. Со доделувањето на концесиите покрај стопанскиот, се регулира и рекреативниот и спортскиот риболов. Риболовците велат воведени се високи цени па така и оние на кои риболовот им бил пасија и рекреација нема да може да платат.

– Немаше рекреативен риболов, се ловеше со крадење, да кажеме сега почнува да се регулира. За жал цените кои се објавени од концесионерот се малку повисоки и добар дел од рекреативните риболовци од Охрид и Струга и одеа да фатат кило или две плашица или грунци нема да може да извадат дозвола ради високите цени, вели Димче Мајкоски претседател на Здружение на рекреативни риболовци Свети Апостол Петар.

По концезсионирањето во прашање се доведени и куп натпреварите на Здружението Свети Апостол Петар кои се одржуваа пoслeдните три години.

-За жал и покрај молбите и барањата добиваме негативни одговори и немаме се уште добиено oдговор на последното барање да организираме натпревари и за членовите на нашето здружение и за спортските риболовци од цела Македонија. Чекаме одговор и што побрзо да се реши. Тука се работи и за фестивалот на водени спортови, срамота ќе биде спортскиот риболов во склоп на фестивалот да го организираме на Глобочица или Дебарско езеро, а не на Охридското Езеро, додава Мајкоски.

Охридското Езеро од неодамна е издадено под концесија, една е доделена за рекреативен и седум за стопански риболов. Рибарите велат начинот на издавање и немањето доволна контрола нема да го заштити рибниот фонд.

-Мислам дека бројот на поделба на езерото е голем, треба да се од два до три. Најголема грешка во законот е тоа што заштитата ја врши самиот концесионер. Законот е добар за во Данска, Шведска, Норвешка, а не за на Балканот затоа што тие може да штитат друг да не фрла мрежи, меѓутоа нивното ограничување на количество за дозволен годишен улов на риба нема да се почитува а тоа го знаеме од минатото, вели Мајкоски.