Манчестер сити и Лион изборија четвртфинале во Лигата на шампионите
Екипите на Манчестер сити и на Лион се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако вечерва ги елиминираа своите ривали Реал Мадрид, односно Јувентус.
На „Етихад“ во Манчестер, Сити по втор пат во осминафиналната пресметка го порази Реал. И овој пат резултатот беше 2:1, па „граѓаните“ со вкупни 4:2 одат понатаму.
Стрелци на головите за англискиот тим беа Рахим Стерлинг во 9. минута и Габриел Жезус во 68. минута. За Реал погоди Карим Бензема во 28. минута.
И Јувентус забележа победа со 2:1 вечерва на домашен терен против Лион, но тоа не беше доволно за италијанскиот шампион, па францускиот тим по победата на свој терен со 1:0 и поради правилото гол на гости, се пласира во четвртфиналето.
Лион поведе преку Мемфис Депај во 12. минута од пенал, изедначи Кристијано Роналдо, исто така од пенал во 43. минута. Португалецот го постигна и вториот погодок за „бјанко-нерите“, за пирова победа.
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија