Манчестер сити и Лион изборија четвртфинале во Лигата на шампионите
Екипите на Манчестер сити и на Лион се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако вечерва ги елиминираа своите ривали Реал Мадрид, односно Јувентус.
На „Етихад“ во Манчестер, Сити по втор пат во осминафиналната пресметка го порази Реал. И овој пат резултатот беше 2:1, па „граѓаните“ со вкупни 4:2 одат понатаму.
Стрелци на головите за англискиот тим беа Рахим Стерлинг во 9. минута и Габриел Жезус во 68. минута. За Реал погоди Карим Бензема во 28. минута.
И Јувентус забележа победа со 2:1 вечерва на домашен терен против Лион, но тоа не беше доволно за италијанскиот шампион, па францускиот тим по победата на свој терен со 1:0 и поради правилото гол на гости, се пласира во четвртфиналето.
Лион поведе преку Мемфис Депај во 12. минута од пенал, изедначи Кристијано Роналдо, исто така од пенал во 43. минута. Португалецот го постигна и вториот погодок за „бјанко-нерите“, за пирова победа.
Ново на Сител
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
-

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане
-

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната
-

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер
-

Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
