-->
-->
Манчестер јунајтед ја забележа првата победа во новата сезона на Премиер лигата
-->

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да го совладаат Фулам во првото коло од Премиер лигата на својот стадион со резултат 1:0 (0:0) и со тоа ја забележаа првата победа на стартот од новата сезона.
Сепак, на „Олд Трафорд“ ќе има голема причина за грижа, со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ не прикажаа подобра игра од она што сме навикнати од нив во претходните разочарувачки сезони.
Она што предизвика насмевка на лицата на навивачите е тоа што дебитантот од Премиер лигата, Џошуа Зиркзе се запиша во листата на стрелците на неговото официјално деби за клубот во 87. минута од натпреварот.
Фулам се бранеше во поголемиот дел од натпреварот, но тоа не го менува фактот дека Манчестер не успеа да ги искористи своите шанси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
