-->
-->
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-->

Манчестер јунајтед нема пораз по заминувањето на Ерик тен Хаг од тренерската позиција. Под водство на Руд ван Нистелрој тимот од „Олд Трафорд“ има три победи и едно реми со вкупна гол-разлика 11:3.
Денес Јунајтед го победи Лестер со 3:0 во 11. коло од англиската фудбалска Премиер лигата. Во трите претходни натпревари по отказот на Ерик тен Хаг, Манчестер Јунајтед го совлада Лестер (5:2) во Лига Купот, го победи ПАОК (2:0) во Лига Европа и ремизираше со Челзи (1:1) во Премиер лигата.
Ван Нистелрој на следниот натпревар ќе биде заменет со Аморим.
Рубен Аморим ќе го преземе Манчестер Јунајтед од утре. Првиот натпревар Манчестер јунајтед под водство на новиот тренер ќе го одигра на 24 ноември на гости кај Ипсвич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Каква козметика и играчки има во продавниците?
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
