-->
-->
Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа без победник
-->

Дерби натпреварот од англиската Премиер лига, меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал заврши без победник 1-1.
На средбата одиграна попладнево на „Олд Трафорд“, а со која беше отворено 12.коло, домашниот тим поведе со голот на Хуан Мата во 68.минута, додека Арсенал до израмнување стигна во 79.минута од средбата кога Оливие Жиру успеа да го постигне голот за „топџиите“ вреден бод.
Покрај овој натпревар, денеска ќе се играат и средбите:
Кристал Палас - Манчестер Сити, Евертон – Свонси, Саутемптон – Ливерпул, Стоук – Бурнемут, Сандерленд – Хал, Ватфорд – Лестер и Тотенхем - Вест Хем.
За утре закажан е натпреварот меѓу Мидлсборо и Челзи, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата ВБА- Барнли.
Табела: Ливерпул 26 бода, Челзи 25, Арсенал 25, Манчестер Сити 24, Тотенхем 21, Манчестер Јунајтед 19...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази