Фудбал
12. May 2017 - 8:40

Манчестер Јунајтед и Ајакс финалисти во Лига Европа

 
 
Екипите на Манчестер Јунајтед и на Ајакс ќе играат во финалето на фудбалската Лига Европа по елиминацијата на нивните ривали во полуфиналната фаза.
 
Јунајтед по победата во Шпанија со 1:0, синоќа се спаси од елиминација од Селта Виго, бидејќи шпанскиот клуб пред крајот пропушти голема шанса за победа, па дуелот заврши нерешено 1:1.
 
Маруан Фелаини во 17.минута го доведе англискиот тим во водство, а конечните 1:1 ги постави Фасундо Ронкаља во 85.минута.
 
Во другата полуфинална пресметка Олимпик Лион го победи Ајакс со 3:1, но тоа не беше доволно да се надополни резултатот од 4:1 што Ајакс го направи на домашен терен во Амстердам.
 
Финалето е закажано за 24 мај во Стокхолм.