-->
-->
Манчестер Јунајтед го победи Реал на пенали
-->

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше победа над Реал Мадрид по подоброто изведување на пенали во натпревар „Интернационалниот Куп на Шампиони“.
Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е практично увертира во нивната меѓусебна пресметна во УЕФА Суперкупот кој ќе се игра во Скопје на 8 август, па затоа двајцата тренери Жозе Мурињо и Зинедин Зидан настапија со комбинирани состави.
На синоќешниот меч во Сан Франциско „црвените ѓаволи“ забележаа победа од 3-2 по подоброто изведување на пенали регуларните 90 минути завршија без победник 1-1.
Англискиот тим поведе со голот на Лингард во 45.минута, а по одличната акција на францускиот репрезентативец Марсијал кој ја мина комплетната одбрана на „кралевите“.
Реал до израмнување стигна во 68.минута со голот од пенал на Касемиро.
Затоа пак во пенал рулетот, фудбалерите на Реал од петте реализираа само еден удар од белата точка, наспроти двата на Манчестер, па англискиот тим на крајот се радуваше на победа со конечни 3-2.
За Манчестер ова беше втора победа на „Интернационалниот Куп на Шампиони“, откако во првиот свој меч Јунајтед беше подобар од градскиот ривал Манчестер Сити. ит/
Следниот меч на „Интернационалниот Куп на Шампиони“, ќе се игра во четврток наутро (2 часот по македонско време), а во него ќе се сретнат англискиот вицепрвак Тотенхем и италијанската Рома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
