Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град, стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините.
Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз.
Од друга страна, петтата партија во Скопје со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока.
Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи.
Затоа, почитувани граѓани,
На 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.
МИА
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
