МАН: Нови форми на притисоци врз новинари и медиуми

Македонската асоцијација на медиуми (МАН) денеска обвини дека опозициската СДСМ и фондацијата Сорос деновиве преземале нови форми на притисоци врз новинари и медиуми.
- Охрабрени од тенденциозниот и заштитнички став од Европската унија кон нив, активистите на СДСМ и фондацијата Сорос овие денови презема нови форми на притисоци. Џабир Дерала и неговата невладина Цивил поднесоа тужба против новинари од телевизија Сител за информации кои се темелат на официјални податоци. Активисти на СДСМ објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваат со физичко насилство врз новинари од порталот, се наведува во соопштението од МАН.
Асоцијацијата наведува дека канцеларијата на ЕУ и на ОБСЕ во Македонија ги смета за соучесници и покровители на притисоците, насилството, заканите и попречувањето во професоналното работење на новинари од страна на СДСМ и Сорос и нивните ограноци.
Во соопштението се повторува ставот дека во последниот Извештај на ЕК за Македонија видна е лошата информираност за состојбите во медиумите, особено за вршењето притисоци, закани и напади врз новинари и медиуми.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
